Доделени Оскарите на американската академија

Оскарот за најдобар филм ја доби „Green Book“ (Зелена книга)

1151757
Доделени Оскарите на американската академија

Доделени најпрестижните награди на кинематографскиот свет.

Најзначајната награда, Оскарот за најдобар филм ја доби „Green Book“ (Зелена книга).

Оскарот за најдобра режија ја доби мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон за филмот „Рома“ (Рим).

Куарон истовремено ја доби наградата за најдобра фотографија.

Наградата за најдобра актерка ја доби Оливија Колман за улогата во филмот „The Favorite“ (Миленичка).

Наградата за најдобар актер ја доби Рами Малек за толкувањето на Фреди Меркури во филмот „Bohemian Rhapsody“ (Боемска рапсодија).

Наградата за најдобар долгометражен документарец ја доби филмот „Free Solo“ во кој се раскажува перформансот на алпинистот Алекс Ханолд во 2017 година.

Наградата за најдобар анимиран филм ја доби филмот „Spider-Man: Into the Spider-Verse“. Режисерот на филмот Питер Ремси е првиот режисер од црномуресто потекло кој доби награда во оваа категорија.

Пејачката Лејди Гага со песната „Shallow“ ја доби наградата за најдобра песна и на тој начин гага го доби првиот Оскар во кариерата.



Слични вести