Турција го зголеми капацитетот на ветерна енергија

Германија со 59 311 мегавати е земја со највисок капацитет на инсталирана моќност на ветерна енергија меѓу наведените земји

1149996
Турција го зголеми капацитетот на ветерна енергија

Турција минатогодишниот капацитет на инсталирана моќност на ветерна енергија во споредба со претходната година го зголеми за 497 мегавати и изнесува 7 369 мегавати.

На тој начин Турција, во 2018 година од аспект на дополнителна инсталирана моќност во ветерната енергија меѓу земјите членки на ЕУ, земјите кандидати, Русија и Украина, вкупно 38 земји стана шеста земја.

Според податоците од Ивештајот за европски статистички податоци за 2018 „WindEurope 2018“ на Европската асоцијација за ветерна енергија, вкупната инсталирана моќ на 38 земји меѓу кои земјите членки и кандидати на ЕУ, Русија и Украина, достигна 189 илјади 22 мегавати.

Германија со 59 311 мегавати е земја со највисок капацитет на инсталирана моќност на ветерна енергија меѓу наведените земји.

По Германија со 23 494 мегавати следува Шпанија, со 20 970 мегавати следува Обединетото Кралство.

Инсталираната моќност на ветерна енергија на Турција со минатогодишниот пораст од 497 мегавати достигна 7 369 мегавати.

Со наведеното надополнување на ветерната енергија, Турција од 38 земји се најде на шесто место.

Германија со надополнување на капацитетот за 3 371 мегавати во 2018 година повторно се најде на прво место.

2 402 мегавати од дополнителниот капацитет на ветерна енергија се состои од копнените, 969 мегавати од поморските ветерни електрани.



Слични вести