Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Парламентот на Австралија

Сеуште нема докази за евентуална кражба на податоците на парламентот во нападот поради што продолжува испитувањето на надлежните установи

1147544
Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Парламентот на Австралија

Во Австралија извршен сајбер напад врз компјутерскиот систем на парламентот.

Претставници на парламентот во писменото соопштение истакнаа дека утврдиле дека хакерите се обиделе да продрат во компјутерската мрежа на парламентот.

Властите истакнаа дека по нападот, биле променети сите влезни лозинки и пароли.

Сеуште нема докази за евентуална кражба на податоците на парламентот во нападот поради што продолжува испитувањето на надлежните установи.

Во јануари во Германија беше извршен сајбер напад врз компјутерите на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Христијанската социјалистичка партија (ЦСУ), партијата на зелените, партијата на слободни демократи (ФДП) и членовите на Левичарската партија во Сојузното собрание Бундестаг. Во нападите беа украдени личните податоци на стотици политичари меѓу кои претседателот Франк Валтер-Штајнмаер и канцеларката Ангела Меркел.

Хакерите кои работат во име на Русија, под изговор дека ги украле електронските пошти на кандидатите на Демократската партија пред претседателските избори во 2016 во САД, на дневниот ред ги изнесоа дискусиите во врска со евентуална надворешна интервенција врз изборите.



Слични вести