Официјално формирана Турската вселенска агенција
Во денешниот број на Службениот весник е објавен претседателскиот указ за формирање на Турската вселенска агенција, со што и официјално е формирана

Официјално е формирана Турската вселенска агенција.
Во денешниот број на Службениот весник е објавен претседателскиот указ за формирање на Турската вселенска агенција, со што и официјално е формирана.
Турската вселенска агенција со седиште во главниот град Анкара ќе делува во склопот на Министерството за индустрија и технологија.
Агенцијата ќе има административна и финансиска самостојност, а воедно ќе располага со свој посебен буџет.
Турската вселенска агенција ќе има за задача да ја подготвува националната вселенска програма и во тие рамки да обезбеди да бидат ставени во примена проектите кои што ќе ги развива.
Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во своето обраќање на Самитот на турската одбранбена индустрија што се одржа за прв пат од страна на Управата за одбранбена индустрија, а под покровителство на претседателот, во врска со прашањето рече: „Нашата земја веќе има своја вселенска агенција. Нашиот 20 годишен сон стана вистина.“
Велејќи дека оваа агенција ќе ги утврди политиките и стратегиите во врска со вселенските технологии и тоа во правец на националните интереси, министерот Мустафа Варанк упати повик до младите да се стекнат со динамизам и оригинална перспектива.