Новиот бренд на Турција хеликоптерот "Т625" ќе се вика "Ѓокбеј"

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти дека хеликоптерот за општа намена од типот Т625 ќе се вика "Ѓокбеј"

1105791
Новиот бренд на Турција хеликоптерот "Т625" ќе се вика "Ѓокбеј"

Хеликоптерот од типот Т625 кој што е развиен со цел потребите на хеликоптерот на Турција за општа намена да бидат намирени со специфична платформа, ќе извршува задача на небото под името "Ѓокбеј".

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Самитот на турската одбранбена индустрија што се одржа во Конгресниот и културен центар во претседателската палата соопшти дека хеликоптерот од типот Т625 ќе се вика "Ѓокбеј".

Благодарение на извонредниот перформанс и широката лепеза на задача, се има за цел хеликоптерот освен тоа што ќе обезбеди да бидат намирени домашните потреби да биде претставен и на меѓународните пазари.

Со хеликоптерот "Ѓокбеј" кој е развиен во правец на намирање на потребите на воените и цивилните корисници ќе можат да се реализираат задачи како што се превоз на персонал, пилотска обука, пребарување и спасување,  внатрешна безбедност, погранична безбедност, амбуланта, ВИП транспорт, шумарство, борба против пожари и крајбрежен транспорт.

Се има за цел прототипот на моторот да почне да функционира за една година.



Слични вести