Турксат стана трета компанија во светот која реализира тест емитување во „Ултра ХД 8К“ формат

Турксат, преку комуникациските сателити Турксат-3А (Türksat-3A) и Турксат-4Б (Türksat-4B) го започна тест емитувањето со ултра висок формат на емитување со што стана трета компанија во светот која ја користи технологијата „Ултра ХД 8К“ (Ultra HD 8K)

1089192
Турксат стана трета компанија во светот која реализира тест емитување во „Ултра ХД 8К“ формат

Турксат (Сателитска комуникациска кабловска и оперативна компанија Türksat) стана трета компанија во светот која ја користи технологијата „Ултра ХД 8К“ (Ultra HD 8K) со која го започна тест емитувањето преку сателитите Турксат-3А (Türksat-3A) и Турксат-4Б (Türksat-4B).

Компанијата, преку комуникациските сателити Турксат-3А (Türksat-3A) и Турксат-4Б (Türksat-4B) го започна тест емитувањето со ултра висок формат на емитување во светот.

Тест емитувањето „Ултра ХД 8К“ (Ultra HD 8K) беше реализирано во соработка со компаниите Турксат (Türksat), Кизил Електроник (Kızıl Elektronik), Вестел (Vestel) и Сосионекст (Socionext). За време на тестовите историските и природните убавини на Истанбул беа симени во форматот „Ултра ХД 8К“ (Ultra HD 8K) со што ба добиени снимки со ултра висока резолуција многу блиски до вистинските.

Технологијата „Ултра ХД 8К“ (Ultra HD 8K) располага со технологија на емитување која што располага со 16 пати појасна резолуција од ХД преносот. Гледачите со ултра високата резолуција која што ја обезбедува технологијата „Ултра ХД 8К“ (Ultra HD 8K), многу појасно можат да ги видат и најситните детали. Освен тоа благодарение на ултра високата резолуција, снимките на телевизорите со големи димензии дури и одблизу можат да се видат крајно јасно, без нивно расипување (деформирање). 

Евентуалните придонеси кои што ќе ги достават производителите на национална технологија кај производи од „Ултра ХД 8К“ (Ultra HD 8K) технологијата како формат на емитување на највисоко ниво во светот, ќе обезбедат намалување на увозот и зголемување на извозот.

На тој начин Турксат (Türksat) после јапонските и луксембуршките компании стана трета компанија која го рализира „Ултра ХД 8К“ (Ultra HD 8K) тестирањето.

 



Слични вести