Малта ќе им даде државјанство на роботите

Министерот Силвио Шембри рече дека планираат да формираат центар за истражување, употреба и развој на вештачката интелигенција

1080350
Малта ќе им даде државјанство на роботите

Според веста на новинската агенција Синхуа, министерот за дигитална економија и иновации на Малта Силвио Шембри на прес конференцијата посветена на националната стратегија за вештачка интелигенција рече дека во оваа сфера планираа да влезат меѓу првите 10 земји во светот.

Шембри рече дека планираат да формираат центар за истражување, употреба и развој на вештачката интелигенција потенцирајќи дека остварувањето на стратегијата ќе започне во 2019 година.

Претседателот на работната група здружени сили за вештачка интелигенција на Малта Вејн Гриксти рече дека во рамките на стратегијата со платформата SingularityNET планираат да остварат пилот проект со кој на роботите со вештачка интелигенција ќе им дадат државјанство.

Лани Саудиска Арабија соопшти дека на роботот Софија кој беше произведен од страна на компанијата „Хансон Роботика“ со седиште во Хонг Конг му даде државјанство.



Слични вести