Утре во Парис свечено се отвора Меѓународниот саем на автомобили

Рено, Цитроен, Пежо, Мерцедес, БМВ, Ауди, Ферари, Ламборџини, Лотус, Шкода, Хундаи ги промовираа своите достигнувања

1061465
Утре во Парис свечено се отвора Меѓународниот саем на автомобили

Домашните и странски марки на утрешниот меѓународен саем на автомобили во Парис ќе ги промовираат најновите достигнувања.

Годинашниов 120-ти Меѓународен саем на автомобили во Парис (Mondial de L’Auto) кој од аспект на посетителите се смета за еден од најголемите ги отвори портите за претставниците на печатот и професионалците.

На саемот не учествуваат Фолксваген, Фор, Опел, Волво, Нисан, Алфа Ромео, Џип, Мазда, Мицубиши.

Организаторот на саемот Жан Клод Гиро рече дека фирмите се бранат дека наводно им биле дадени мали простори и штандови, но тоа не е точно, Според мене, имаат проблеми со буџетите. Не сакам да ги рекламирам оние што не учествуваат.

Саемот своите порти за посетителите ќе ги отвори на 4 октомври. На денот за медиумите, светските гуганти како што се Рено, Цитроен, Пежо, Мерцедес, БМВ, Ауди, Ферари, Ламборџини, Лотус, Шкода, Хундаи ги промовираа своите достигнувања.

На саемот беа промовирани автомобилите коишто се планираат да се произведат, додека најголемото внимание го привлекоа електричните автомобили.

Дитер Зеше главниот извршен директор на Мерцедес кој до крајот на годинава се очекува да се пензионира, на европските потрошувачи им го презентираше новиот производ на фирмата „Vision EQ Silver Arrow“.

Тиери Болор кој до крајот на годинава се очекува да седне на позицијата главен извршен директор на Рено го промовираше новиот модел „ Ez-Ultimo“.

Хундаи, Ауди и Пежо на штандовите ги изложија концептите на новите електрични автомобили.

Италијанската спортска марка на автомобили Ферари промовираше 3 нови модели.

Саемот

 Саемот ќе биде отворен до 14 октомври.



Слични вести