САД во текот на наредната година ќе и предадат на Турција уште два авиони Ф-35

Заменик директорот на заедничката програма за производство на офанзивните авиони F-35 адмирал Мет Винтер, истакна дека во месец март (2019) се очекува на Турција да и бидат предадени уште два борбени авиони Ф-3

1061044
САД во текот на наредната година ќе и предадат на Турција уште два авиони Ф-35

САД во текот на наредната година ќе ѝ испорачаат на Турција уште два авиони од типот F-35.

Заменик директорот на заедничката програма за производство на офанзивните авиони F-35 адмирал Мет Винтер, истакна дека во месец март (2019) се очекува на Турција да и бидат предадени уште два борбени авиони Ф-35.

Винтер во дадената изјава за новинарите во канцеларијата за програмата Ф-35 напомена дека нема било каква промена во учеството на Турција во програмата за заедничко производство на петтата генерација офанзивни авиони Ф-35 и рече: „Очекуваме во март 2019 година да бидат предадени уште два авиони. Нема никакви знаци во однос на тоа оти постојат промени во предавањето на 100 авиони.“

Потсетувајќи во буџетот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) стои условот Пентагон во рок од 90 дена да поднесе извештај во врска со Турција до Конгресот, Винтер рече: „Ги обезбедивме техничките и програмките информации за извештајот и тој во рок од 90 дена ќе биде поднесен.“

Инаку, Турција во месец јуни ги прими првите два авиони од типот Ф-35 и моментално турските пилоти се на обука со овие авиони, во САД.

Турција која уште од 2002 година се наоѓа меѓу земјите партиципиенти во програмата планира да купи 100 авиони Ф-35.

 



Слични вести