Претседателот Ердоган со хаштагот #WorldIsBiggerThan5 направи Трендинг Топик на Твитер

Претседателот Ердоган по говорот што го одржа пред 73-тото заседание на Генералното Собрание на ОН во Њујорк сподели постови преку Твитер под хаштагот #WorldIsBiggerThan5 и стана ТТ (Трендинг Топик) настан за кој што се зборуваше најмногу на Твитер

1057068
Претседателот Ердоган со хаштагот #WorldIsBiggerThan5 направи Трендинг Топик на Твитер

Екитеката што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја сподели на социјалната мрежа Твитер под хаштагот #WorldIsBiggerThan5 (Светот е поголем од пет) направи ТТ (Трендинг Топик) т.ј. настан за кој што се зборуваше најмногу на Твитер.

Претседателот Ердоган по говорот што го одржа на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк објави постови преку социјалната мрежа Твитер под хаштагот #WorldIsBiggerThan5 (Светот е поголем од пет).

Така хаштагот на Ердоган #WorldIsBiggerThan5 за кусо време направи ТТ (Трендинг Топик), настан за кој што се зборуваше најмногу на Твитер.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своите споделени постови на Твитер напиша:

„Обединетите нации треба да ги доведеме во состојба на извор на правдата, а не на зулумот. Турција прави се што е во нејзина можност за поправеден свет. Ги покануваме сите страни да дадат поддршка на потрагите за поодржливо решение во Сирија и да презентираат принципиелен став против терористичките организации. Ги поканувам сите мои пријатели да стапат во акција против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО која на 15 јули изврши обид за преврат и уби 251 наш граѓанин. Турција е на страната на слободното движење и на трговијата и на луѓето. Исто како и во секоја сфера очекуваме да се делува одговорно и во економијата и трговијата.“

Претседателот Ердоган под своите споделени постови на социјалната мрежа Твитер им оддели место и на делови од своето обраќање пред 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН).

 



Слични вести