Награда за успех од Светската здравствена организација за Министерството за здравство на Турција

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом, доделената награда на турското Министерство за здравство поради успешните работи во „Спречувањето и контролата на неинфективните болести“ му ја врачи на претседателот Ердоган

1056928
Награда за успех од Светската здравствена организација за Министерството за здравство на Турција

Светската здравствена организација (СЗО) му додели награда за успех на Министерството за здравство на Турција.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом, наградата која што му беше доделена на турското Министерство за здравство поради успешните работи што ги води во рамките на „Спречувањето и контролата на неинфективните болести“ му ја врачи на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

По тој повод во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк беше организирана и церемонија на која претседателот Ердоган ја прими оваа значајна награда за Турција.

На церемонијата учествуваше и министерот за здравство Фахерттин Коџа кој се наоѓа во делегацијата која го придружува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 73-тото заседание на Генералното Собрание на ОН во Њујорк.



Слични вести