Во Баку, Азербејџан започна Третиот меѓународен саем за одбранбена индустрија „ADEX 2018“

На саемот Турција учествува со 33 фирми на чело со претседателството за одбранбена индустрија и Унијата на извозниците за одбранбена индустрија, а ќе биде претставувана на павилјон со површина од 1.659 квадратни метри

1056709
Во Баку, Азербејџан започна Третиот меѓународен саем за одбранбена индустрија „ADEX 2018“
baku savunma fuari.jpg
baku savunma fuari.jpg

Во главниот град на Азербејџан Баку започна Третиот меѓународен саем за одбранбена индустрија „ADEX 2018“.

На отворањето на саемот во Експо центарот во Баку (Баку Expo Center) од страна на азербејџанските министерства за одбрана и одбранбена индустрија, учествуваа азербејџанскиот потпретседател задолжен за безбедносни прашања Фуад Алескеров, министерот за одбрана Закир Хасанов, началникот на Генералштабот Неџмеддин Садиков и голем број високи азербејџански функционери. 

Потпретседателот Фуад Алескеров на отворањето на саемот го прочита испратеното писмо од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев до учесниците.

Алиев во своето писмо потсети дека 20-насто од териториите на Азербејџан се под окупација и дека затоа му се придава посебно значење на зголемувањето на одбранбената способност и на зајакнувањето на армијата на земјата.

Турција учествува со најголем број фирми на Третиот меѓународен саем за одбранбена индустрија „ADEX 2018“ на кој има учество од 224 фирми од 29 земји во светот.

На саемот во име на Турција на чело со претседателството за одбранбена индустрија учествуваат 33 фирми и Унијата на извозниците за одбранбена индустрија.  

Турција ќе биде претставувана на површина од 1.659 квадратни метри што претставува за 30 насто поширок одделен простор во споредба со нејзиното претходно учество на овој саем.

На турскиот национален павилјон кој што ќе опфаќа близу половина од изложбениот простор на саемот, ќе се промовираат и презентираат производи произведени од страна на фирмите на турската одбранбена индустрија како што се платформи за оклопни возила, пилотни и беспилотни летала, поморски системи, системи на оружје, електронски системи, муниции, симулатори, воени текстилни производи, производи за логистичка поддршка и голем број други производи за одбранбена индустрија.

Во рамките на Меѓународниот саем за одбрана во Азербејџан (ADEX) исто така ќе бидат остварени и средби меѓу турската официјална делегација и делегациите на земјите учеснички на саемот на чело со земјата домаќин Азербејџан.

Третиот меѓународен саем за одбранбена индустрија „ADEX 2018“ кој се одржува еднаш на две години за прв пат беше одржан во 2014 година и се наоѓа меѓу најзначајните саеми за одбранбена индустрија во регионите на Јужен Кавказ и Централна Азија.

Саемот беше отворен денеска (25 септември 2018 во вторник) и ќе трае до 27 септември, четврток.

 



Слични вести