Аеродромот Ататурк во Истанбул од 27 до 30 септември ќе биде домаќин на саемот „İstanbul Airshow“

На саемот „İstanbul Airshow“ кој ќе се одржи во периодот од 27 до 30 септември на аеродромот Ататурк во Истанбул. ќе учествуваат над 150 фирми и ќе бидат презентирани над 40 воздушни возила-летала чиј вкупен износ ќе достигне до една милијарда долари

1055916
Аеродромот Ататурк во Истанбул од 27 до 30 септември ќе биде домаќин на саемот „İstanbul Airshow“

Саемот за цивилно воздухопловство и аеродроми и Платформата на снабдувачкиот снџир за воздухопловна индустрија „İstanbul Airshow“ ќе се одржи во периодот од 27 до 30 септември на аеродромот Ататурк во Истанбул.

На саемот на кој ќе учествуваат над 150 фирми ќе бидат презентирани над 40 воздушни возила-летала чиј вкупен износ ќе достигне до една милијарда долари.

Саемот „İstanbul Airshow“ кој од 1996 година се организира еднаш на секои две години и годинава ќе се одржи по 12-ти пат ќе започне на 27 септември на општата воздухопловна престилка (апрон) на аеродромот Ататурк во Истанбул.

На саемот ќе бидат презентирани голем број воздушни возила-летала и тоа спортски возила како gyrocopter, воздушни возила-летала за специјална намена како што се обука, мапирање, следење, пребарување, извидување и разузнавање, возила-летала за општа намена и беспилотни летала, бизнис џетови и хеликоптери, комерцијални авиони и сл.

Меѓу фирмите кои е учествуваат на саемот „İstanbul Airshow“ се наоѓаат Airbus, Beechcraft, Bell, Bombardier, Cessna, Dassault Falcon, Diamond, Eclipse, Gulfstream, HondaJet, Innoaviation, JMB Aircraft, Leonardo, Piaggio, Pilatus, Pipistrel, Sikorsky, Tecnam и Турската воздухопловна и вселенска индустрија ТУСАШ.

На саемот ќе учествуваат претставници на воздхопловството од доста широк спектар, професионалци, службеници, државни функцонери и преставници на деловниот свет, како и студенти и сите оние кои покажуваат заинтересираност кон воздухопловството.

Саемот „İstanbul Airshow“ се очекува да се посети од страна на 30 до 35 илјади лица.

 



Слични вести