Турската одбранбена индустрија ќе ја презентира својата сила на саемот ADEX во Баку, Азербејџан

Утре во главниот град на Азербејџан, Баку почнува Меѓународниот саем за одбрана (ADEX) на кој турската одбранбена индустрија ќе учествува со 33 свои фирми и ќе ја резентира својата сила на овој значаен саем

1055912
Турската одбранбена индустрија ќе ја презентира својата сила на саемот ADEX во Баку, Азербејџан

Турската одбранбена индустрија на Меѓународниот саем за одбрана (ADEX) во Азербејџан ќе презентира силно учество со 33 свои фирми во оваа сфера.

ADEX кој што со поддршка на азербејџанското инистерство за одбрана и иницијаторите годинава ќе се одржи по трет пат ќе започне утре во главниот град на Азербејџан, Баку и ќе трае до 27 септември.

Овој саем за одбранбена индустрија кој се одржува еднаш на две години за прв пат беше одржан во 2014 година и се наоѓа меѓу најзначајните саеми за одбранбена индустрија во регионите на Јужен Кавказ и Централна Азија.

На годинашниот саем ADEX во име на Турција под водство на претседателството за одбранбена индустрија и Унијата на извозниците за одбранбена индустрија ќе учествуваат 33 фирми за одбранбена индустрија.

Турција ќе биде претставувана на површина од 1.659 квадратни метри што претставува за 30 насто поширок одделен простор во споредба со нејзиното претходно учество на овој саем.

На турскиот национален павилјон кој што ќе опфаќа приближно половина од целиот саемски простор ќе учествуваат следните турски фирми:

AKSA Run Flat, Anova, ArgeRF, ASELSAN, AVS, BMC, DEARSAN, DESAN, DLG Tactical, Garanti Giyim, GİRSAN, HOYTEK, İŞBİR, Kale Kalıp, KAREL, MAKTEL, MANAS, MESAN, MILSOFT, MKEK, OTOKAR, ÖZTEK, ROKETSAN, RST, Simsoft, Акционерско друштво за инженерство и трговија на одбранбени технологии (Savunma Teknolojileri Mühendislik ve Ticaret AŞ), TAIS, TEK. MÜH, TİSAŞ, TRANSVARO, Турско воздухопловство и вселенска индстрија (Türk Havacılık ve Uzay Sanayii), UNIFO и Yakupoğlu.

За време на саемот ќе се промовираат и презентираат производи произведени од страна на фирмите на турската одбранбена индустрија како што се платформи за оклопни возила, пилотни и беспилотни летала, поморски системи, системи на оружје, електронски системи, муниции, симулатори, воени текстилни производи, производи за логистичка поддршка и голем број други производи за одбранбена индустрија.

Во рамките на Меѓународниот саем за одбрана во Азербејџан (ADEX) исто така ќе бидат остварени и средби меѓу турската официјална делегација и делегациите на земјите учеснички на саемот на чело со земјата домаќин Азербејџан.

 



Слични вести