Авионот за обука Хуркуш ќе почне да им се испорачува на турските воздухопловни сили во ноември

Авионот за воена обука од домашно и национано производство Хуркуш се планира да им се испорача на турските воздухопловни сили во месец ноември годинава (2018), а потоа во првата половина на 2019 година ќе им бидат предаден вкупно 15 авиони Хуркуш

1055038
Авионот за обука Хуркуш ќе почне да им се испорачува на турските воздухопловни сили во ноември

Првата испорака на новата генерација авион за воена обука од домашно и национално производство Хуркуш кој е развиен од страна на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), а со цел да се одговори на потребите за обука на Командата на воздухопловните сили на Турција, се планира да се оствари во месец ноември.

Авионот за обука Хуркуш му придаде колоритност на Фестивалот за восухопловство, вселена и тенологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул кој се одржува во новоизградениот аеродром во Истанбул, а во организација на Фондацијата Тим за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и локалната самоуправа на Истанбул.

Хуркуш кој привлекува внимание со своите црвено-бели бои се изложува на просторот на саемот на ТЕКНОФЕСТ Истанбул и воедно привлече голема заинтересираност кај посетителите и со летот што го демонстрираше.

Авионот за воена обука од домашно и национано производство Хуркуш се планира да им се испорача на турските воздухопловни сили во месец ноември годинава (2018).

Потоа испораката на овој авион ќе продолжи систематски и во првата половина на 2019 година на воздухопловните сили ќе им бидат предаден вкупно 15 авиони Хуркуш.

Авионот за воена обука Хуркуш се прикажува како најдобар во оваа класа и од аспект на дигиталниот кокпит, кабината под притисок, седиштето за катапултирање, поддршката за јаглерод и опремата за слетување е опремен со системи слични со оние кај џетовите.

Авионот за воена обука Хуркуш досега успешно реализира вкупно илјада часови лет и во рамките на своите активности за развивање достигна до бројка од реализирани 150 летови.  

Хуркуш демонстрираше летови и на фестивалот ТЕКНОФЕСТ Истанбул.

 



Слични вести