ТЕКНОФЕСТ Истанбул денеска за прв пат ги отвори своите врати за посетителите

ТЕКНОФЕСТ во организација на Фондацијата Тим за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и локалната самоуправа на Истанбул започна денеска во новоизградениот аеродром во Истанбул и ќе трае до 23 септември

1053386
ТЕКНОФЕСТ Истанбул денеска за прв пат ги отвори своите врати за посетителите

ТЕКНОФЕСТ Истанбул како прв фестивал за восдухопловство, вселена и технологија на Турција во правец на „Потегот на национална технологија“ денеска ги отвори своите врати во новиот изграден аеродром во Истанбул.

ТЕКНОФЕСТ во организација на Фондацијата Тим за технологија на Турција (Фондацијата Т3) и локалната самоуправа на Истанбул започна денеска и ќе трае до 23 септември.

ТЕКНОФЕСТ Истанбул на посетителите освен технолошки натпревари со најголеми награди во историјата на Турција ќе им презентира и демонстративни воздушни летови, семинари, меѓународен самит за иницијаторство и различни други манифестации.

Најзначајниот дел од фестивалот пак ќе го сочинуваат технолошките натпревари кои што ќе се одржат во 12 категории.

На екипите кои ќе се натпреваруваат во процесот на подготовка ќе им се даде поддршка во технички материјали и опрема за развивање на сопствените проекти и ќе се поддржува развојот на технологија на младите.

Фестивалот се одржува со поддршка на институции и компании кои одигруваат значајна улога во потегот на национална технологија на Турција.

Технолошките натпревари на ТЕКНОФЕСТ Истанбул ќе се одржат со поддршка на голем број значајни институции и компании на чело со „Aselsan“, „Baykar“, „IGA“, „Isbank“, „Roketsan“, „TAI“, Турската авиокомпанија (Туркиш Ерлајнс), Институцијата за научни и технолишки истражувања на Турција ТУБИТАК (TÜBITAK), „TÜRKSAT“ и др.

Меѓу другите партнери на фестивалот се и Турската радио и телевизија ТРТ, Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency), Универзитетот Богазичи, Инвенстиционата канцеларија на претсеадтелството, Техничкиот универзитет во Гебзе, министерството за младина и спорт, локалната самоуправа на Истанбул, дирекцијата за национално образование на Истанбул, Истанбулскиот технички универзитет, Универзитетот за национална одбрана, министерството за индустрија и технологија, претседателството за одбранбена индустрија и Техничкиот универзитет Јилдиз.

Со ТЕКНОФЕСТ на кој што учеството е бесплатно се има за цел Турција да го реализира својот потег на национална технологија и да се претвори во општество кое произведува технологија.

 



Слични вести