Турските гимназијалци освоија еден златен, два сребрени и два бронзени медали во Русија

Учениците кои ја претставуваа Турција на натпреварот го постигнаа најуспешниот резултат меѓу сите одржани регионални олимпијади на кои што учествуваше земјата досега

986511
Турските гимназијалци освоија еден златен, два сребрени и два бронзени медали во Русија

Гимназијалците кои ја претставуваа Турција на Втората европска олимпијада по физика во Русија освоија еден златен, два сребрени и два бронзени медали.

Според објавеното писмено соопштение од Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) во главниот град на Русија Москва се одржа Втората европска олимпијада по физика.

Учениците кои ја претставуваа Турција на натпреварот го постигнаа најуспешниот резултат меѓу сите одржани регионални олимпијади на кои што учествуваше земјата досега.  

Џем Арда Тепе, од приватната Гимназија за природни науки и технологија Бахчешехир во Истанбул освои златен медал, Алкин Каз и Емре Пармаксиз од истата гимназија освоија сребрени медали, Метин Ерсин Ариџан од Гимназијата за природни науки на Истанбулската берза за хартии од вредност Нилуфер во Бурс и Артун Бајер од приватната Гимназија за природни науки и технологија Бахчешехир во Истанбул освоија бронзени медали.

Турските гимназијалци со освоените медали од кои еден златен, два среберени и два бронзени ја искачија Турција на третото место на Втората европска олимпијада по физика на која учествуваа 115 ученииц од 23 земји.



Слични вести