Нов скандал на Фејсбук

Фејсбук во рамките на договорот за интеграција на услугите дозволил неограничен пристап на производителите на мобилните телефони на податоците на корисниците

985937
Нов скандал на Фејсбук

Според тврдењата изнесени во медиумите, сајтот за социјално вмрежување Фејсбук во рамките на договорот за интеграција на услугите дозволил неограничен пристап на производителите на мобилните телефони на податоците на корисниците.

Според веста која беше објавена во весникот Њујорк тајмс, компанијата во рамките на договорите што ги постигна со производителите на мобилните телефони и таблети за додавање на функциите на Фејсбук, а со цел да се развие и усовршат мобилните апликации и оперативните системи на Фејсбук, со посредство на интерфејс апликацијата, беше обезбеден неограничен пристап до податоците на корисниците.

Весникот го изнесе тврдењето дека споделбата се коси со регулативите за заштита на личните податоци на Американската федерална трговска комисија (ФТЦ).

Во веста беше посветено место на конкретни примери како Фејсбук преку специјалниот интерфејс што го отворил за производителите кои се информации се споделуваат.

На пример, со еден мобилен телефон на Блекбери од 2013 година, дописникот кој го користи софтверот Хуб на фирмата, кој се интегрира со СМС пораките и електронските пораки, има можност за пристап до податоците не само на своите фејсбук пријатели туку и до податоците на нивните пријатели.

Споделувањето на личните податоци на толку високо ниво од страна на Фејсбук се коси со политиката за заштита на личните податоци.

Фејсбук досега вакви договори има постигнато со над 60 компании производители на мобилни телефони и таблети и сеуште не е јасно кои се податоци се споделуваат вон одобрението на корисниците.



Слични вести