Турската компанија ТУСАШ/ТАИ и казахстански КАИ постигнаа договор за соработка

На саемот за системи за оружје и вселенски технологии (KADEX-2018) во Казахстан Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ/ТАИ) и Воздухопловната индустрија на Казахстан (КАИ) потпишаа договор за соработка

978372
Турската компанија ТУСАШ/ТАИ и казахстански КАИ постигнаа договор за соработка

Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ/ТАИ) ќе оди на соработка со Воздухопловната индустрија на Казахстан (КАИ) во врска со беспилотното летало Анка и новата генерација развиен авион за воена обука Хуркуш.

Според објавеното соопштение од ТАИ, компанијата на саемот за системи за оружје и вселенски технологии (KADEX-2018) во Казахстан потпиша договор за соработка со Воздухопловната индустрија на Казахстан (КАИ), најголемата воздухопловна компанија во оваа земја.

Согласно договорот ТАИ и КАИ соопштија дека планираат да работат заедно во заедничкото производство на Хуркуш и Анка.

Во рамките на соработката страните со заедничка соработка што ќе ја реализираат ќе ги обединат своите сили во сферата на воздухопловството, а воедно ќе придонесат во развојот на соработката во одбранбената индустрија помеѓу Турција и Казахстан.



Слични вести