Од над 10 земји се добиени позитивни коментари во врска со националната пешадиска пушка МПТ-76

Министерот за одбрана Нуреттин Џаникли истакна дека се добиени позитивни коментари од над 10 земји на кои им е подарена националната пешадиска пушка од домашно производство МПТ-76 (MPT-76)

977453
Од над 10 земји се добиени позитивни коментари во врска со националната пешадиска пушка МПТ-76

Министерот за одбрана Нуреттин Џаникли по повод церемонијата на потпишување на проектите за истражување и развој на Институцијата за машинско-хемиска индустрија (МКЕ) и Институтот за истражување и развој на одбранбената индустрија во склопот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК САГЕ), замина за Кириккале каде што ги посети и фабриката на Институцијата за машинско-хемиска индустрија (МКЕ) за тешко оружје и челик и музејот за оружје.

Министерот Нуреттин Џаникли во оваа пригода ја разгледа и пушката МПТ-76 (MPT-76) и истакна дека оваа национална пешадиска пушка од домашно производство им е испратена како подарок на над 10 земји.

Велејќи дека овие земји ја употребиле оваа домашна и национална пушка за која потоа биле добиени позитивни коментари.

Договорите за продажба во врска со националната пешадиска пушка се очекува да бидат потпишани во блиско време.



Слични вести