Швајцарија извршила извоз на забранета хемиска материја во Сирија

Швајцарска компанија со одобрение на државните власти во Сирија, извршила извоз на 5 тони изопропанол, што може да се користи за производство на гас сарин

958894
Швајцарија извршила извоз на забранета хемиска материја во Сирија

Швајцарија извршила извоз на забранета хемиска материја во Сирија.

Швајцарска компанија со одобрение на државните власти во Сирија, извршила извоз на 5 тони изопропанол, што може да се користи за производство на гас сарин.

Според наводите на Швајцарската државна телевизија (РТС), компанијата кон крајот на 2014 година во Сирија извршила извоз на забрането хемиско средство, кои може да се употреби и во производство на хемиско оружје.

Се наведува дека хемиското средство било извезено во Сирија шест месеци откако Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје (OPCW) во мај 2014 година соопштила дека Сирија уништила 133 тони изопропанол.

Се додава дека изопропанол е извезен во Сирија без никакво правно ограничување.

Агенцијата за национална економија на Швајцарија (SECO) потврди дека во 2014 година во Сирија била извезена забранета супстанца.

Во соопштението е наведено дека супстанцата била увезена од приватна фармацевтска компанија од Сирија, за која не е утврдена никаква поврзаност со сирискиот режим.

Исто така, се наведува дека Швајцарија се придржува до санкциите наметнати од европските земји за Сирија, додавајќи дека во 2014 година не постоела правна пречка за извоз на изопропанол.

На крајот сепак се наведува дека денес не би било можно да се извезе иста хемиска супстанца поради нападите со хемиско оружје кои ги извршува сирискиот режим.

Комисијата за безбедносна политика при Сенатот на Швајцарија повика детално да се истражи целиот случај во врска со извозот на забрането хемиско средство во Сирија.



Слични вести