ЕУ ќе инвестира 1,5 милијарди евра за развој на вештачката интелигенција

ЕУ од програмата „Хоризонт 2020“ наменета за научни истражувања, нивен развој и поддршка на иновативните проекти ќе реализира инвестиција на полето на вештачката интелигенција во висина од 1,5 милијарди евра

959149
ЕУ ќе инвестира 1,5 милијарди евра за развој на вештачката интелигенција

Комисијата на Европската унија (ЕУ) до 2020 година ќе инвестира 1,5 милијарди евра за програмите за истражување и развој на полето на вешташката интелигенција.

Европската комисија ги соопшти мерките кои што ќе бидат преземени за зголемување на инвестициите и зајакнување на конкуренцијата на полето на вештачката интелигенција во земјите членки на Европската унија (ЕУ). 

Согласно тоа, ЕУ од програмата „Хоризонт 2020“ наменета за научни истражувања, нивен развој и поддршка на иновативните проекти ќе реализира инвестиција на полето на вештачката интелигенција во висина од 1,5 милијарди евра.

Со овие извори ќе се даде поддршка на развојот на вештачката интелигенција во значајни сектори како што се транспортот и здравството.

Од друга страна, додека земјите членки на Европската унија (ЕУ) годишно на полето на вештачката интелигенција одделуваат годишно вкупно околу 4 милијарди долари, инвестициите на САД во истата сфера изнесуваат над 20 милијарди долари.



Слични вести