Уште едно признание од Фејсбук

Кога ќе посетите еден сајт или апликација на нашата услуга, без огледа на тоа дали ќе направите влез или не и да немате фејсбук профил, ги собираме сите ваши податоци

953031
Уште едно признание од Фејсбук

Сајтот за социјално вмрежување Фејсбук околу кој продолжуваат дискусиите во врска со илегалната употреба на податоците соопшти дека имале пристап и до податоците на оние кои покрај тоа што немаат профил, а влегле во страницата.

Минатата недела основачот и главниот извршен директор (ЦЕО) на Фејсбук Марк Цукерберг рече дека освен податоците на корисниците на профилите биле собрани и други податоци.

Директорот за маркетинг на производи на Фејсбук Дејвид Басер во една порака преку блогот на социјалната мрежа напиша:

„Кога ќе посетите еден сајт или апликација на нашата услуга, без огледа на тоа дали ќе направите влез или не и да немате фејсбук профил, ги собираме сите ваши податоци“.

Басер истакна дека голем број веб страници и апликации ги користат услугите на Фејсбук за рекламирање и промоција на своите производи.

Според изјавата на Басер, корисниците за да влезат во овие страници ги користат средствата на Фејсбук и наведените интернет сајтови се стекнуваат со пристап до податоците на клиентите и ги остваруваат своите рекламни цели.

Басер меѓудругото подвлече дека и другите компании како што се Гугл и Твитер го прават истото и дека повеќето од веб страниците кога ќе ги посетите, вашите податоци им ги испраќаат на повеќе компании.



Слични вести