Кина успешно лансира два навигациски сателити со една ракета

Сателитите беа сместени во претходно утврдените орбити

940871
Кина успешно лансира два навигациски сателити со една ракета

Според веста на агенцијата „Ксинхуа“ од вселенскиот центар Шичанг во централниот дел на земјата, во вселената беа испратени уште два навигациски сателити со една ракета за потребите на глобалниот „сателитски систем Северна ѕвезда (Бејдоу)“ на Кина кој е во фаза на правење.

Новите сателити кои беа испратени во вселената во рамките на навигациониот систем носат броеви 30 и 31.

Сателитите беа сместени во претходно утврдените орбити .

Во лансирањето на ракетите беа употребени ракетите од домашно производство „Долг марш 3 Б (Long March)“ од серијата носечки ракети „Долг марш“.

Сателитската серија „Северна ѕвезда“ која беше развиена со цел да се обезбедат информации за потребите на метеорологијата, рибарството, телекомуникациите, мапирањето, со исфрлање на над 30 сателити до 2020 година се предвидува да се обезбедат поефикасни и подобри услуги на сите земји кои што се наоѓаат на рутата на Иницијативата на појасот и патот за глобалното позиционирање и повторно оживување на историскиот пат на свилата.



Слични вести