На брегот на Австралија се насукаа 150 пилот-китови

На брегот на сојузната држава Западна Австралија се насукаа китови, од кои половината починаа

936326
На брегот на Австралија се насукаа 150 пилот-китови

На брегот на Австралија се насукаа 150 пилот-китови.

Во соопштението објавено од Одделот за биолошка разновидност, конзервација и атракции (DBCA), се вели дека од китовите кои во утринските часови се насукале на брегот Хамелин Беј, починале 75.

По известувањето, упатено од еден рибар, на местото пристигнале спасувачки екипи, започнувајќи активности за спасување на преостанатите китови. Во спасувачката акција се вклучиле и голем број волонтери.

Џереми Чик од DBCA изјави дека заедно со волонтерите се обидуваат да ги одржат во живот китовите и повторно да ги вратат во морето.

Засега не е позната причината поради која китовите се насукале на брегот.



Слични вести