Само 27 посто од жителите на Гана имаат пристап до чиста вода за пиење

Околу 6 милиони жители на Гана  секојдневните потреби за вода ги обезбедуваат од нечисти извори на вода и од реки

934256
Само 27 посто од жителите на Гана имаат пристап до чиста вода за пиење

Само 27 посто од жителите на Гана,земја во Западна Африка, имаат пристап до чиста вода за пиење.

Ова го изјави Вида Дути, претседател на Меѓународниот центар за вода и санитарии кој што делува во Гана.

Дути додаде дека до 2030 година планираат целата земја да биде покриена со водоводи со чиста вода за пиење,нагласувајќи дека тоа е право на секој жител на Гана.

Инаку околу 6 милиони жители на Гана  секојдневните потреби за вода ги обезбедуваат од нечисти извори на вода и од реки, така што 70 посто од болестите во земјата потекнуваат токму од нехигинеските средини и санитарии.

 



Слични вести