Американски научник во потрага по Ноевата арка на планината Агри

Американскиот геолог и палеонтолог Раул Есперанте пристигна во областа Агри за да ги истражи трагите и доказите дека во тој дел на Анадолија се насукала Ноевата арка

834269
Американски научник во потрага по Ноевата арка на планината Агри

Американскиот геолог и палеонтолог Раул Есперанте пристигна во областа Агри за да ги истражи трагите и доказите дека во тој дел на Анадолија се насукала Ноевата арка по потопот, на највисоката турска планина Агри.

Есперанте во Агри ќе присуствува и на 4. Меѓународен симпозиум посветен на насукувањето на Ноевата арка, а потоа ќе започне со истражување на теренот.

 Есперанте изјави дека од Калифорнија дошол за да истражи какви сѐ катастрофи се случиле во тој дел на Турција, како и за да трага по доказите за Ноевата арка.

Репортерската екипа во таа пригода од воздух ги сними одроните од планината на која се верува дека се насукала Ноевата арка.

Во Агри стигна и професорот од Универзитетот во Истанбул, Октај Бели, кој подолго од четири децении врши археолошки истражувања на Агри.

„Потопот и Ноевата арка не се легенди, туку настан што навистина се случил. Сите свети книги зборуваат за тоа. Тоа се случило тука, во Анадолија. Го почитуваме тој дел од нашата национална култура“, изјави Бели.

Во сите религии се пишува и говори за Големиот потоп за кој што се претпоставува дека се случил помеѓу 4000 и 5000 'тите години на планината Агри во Турција.

 



Слични вести