Турската хуманитарна организација Кизилај донира две полски болници на Јемен

По тој повод се одржа пригодна свеченост во провинцијата Таиз на која говореше Џемал Абдулхамид претставник на Министерството за здравство на Јемен

783547
Турската хуманитарна организација Кизилај донира две полски болници на Јемен

Турската хуманитарна организација Кизилај донира две полски болници на Јемен.

По тој повод се одржа пригодна свеченост во провинцијата Таиз.

На свеченоста говореше Џемал Абдулхамид претставник на Министерството за здравство на Јемен и главен лекар на болницата Ес Садака во привремениот главен град Аден.

Абулхамид и се заблагодари на Турција за донацијата и рече дека турската влада и Кизилај направија многу во обезбедувањето на услови на лекување на посиромашните граѓани на Јемен кои немаат пари да се лекуваат во приватните болници.

Заменик гувернерот на Таиз Мухамед ес Санви исто така одржа говор на свеченоста и им се заблагодари на Турција и на Кизилај за помошта на јеменскиот народ.

Во изјава за Новинската Агенција Анадолија Мустафа Ајдин, шеф на делегацијата на Кизилај во Јемен истакна дека донираната помош претставува само дел од хуманитарната помош на турскиот народ собрана во Турција.

Ајдин додаде донацијата за Таиз се состои од 10 контејнера од кои две полски болници како и медицинска опрема и лекови.

 



Слични вести