Во Аден пристигна помошта што ја испрати турската Црвена полумесечина на Јемен

Медицинската помош содржи 47 тони различни видови лекови и медицински препарати за борба против епидемија од колера и детски болести како и опрема за стерилизација

782045
Во Аден пристигна помошта што ја испрати турската Црвена полумесечина на Јемен

Медицинската помош што ја испрати турската Црвена полумесечина на Јемен пристигна во главниот град Аден.

Помошта од 6 контејнери која беше прифатена од страна на потпретседателот на Високиот комитет за помош на Јемен при Владата Џемал Белфаких содржи 47 тони различни видови лекови и медицински препарати за борба против епидемија од колера и детски болести како и опрема за стерилизација.

Белфаких во изјавата за печатот при приемот на помошта рече дека за почит е помошта што ја испрати турската Црвена полумесечина и изрази благодарност ан Турција за пружената помош.

Претседателот на делегацијата на Црвената полумесечина во Јемен Мустафа Ајдин изрази задоволство од пристигнувањето на помошта на граѓаните на Јемен и изрази надеж и желба за олеснување на тагата на јеменскиот народ.



Слични вести