Колерата во Јемен земена под контрола

Во последните три дена во градовите Санаа, Таиз и Хаџџе каде што колерата беше најсмртоносна, нема смртоносни случаи

762015
Колерата во Јемен земена под контрола

Колерата во Јемен која беше причина за смртта на околу 1500 лица земена под контрола.

Светската здравствена организација соопшти дека во последните три дена беше постигнато сериозно намалување во случаите на заболување од колера.

Во 20 различни општини беа утврдени 17 случаи кој податок според организацијата подразбира дека колерата е земена под контрола.

Од денот кога почна епидемијата на колера во Јемен до денес умреа 1 417 лица, додека постои сомневање дека уште околу 225 илјади постои можност да боледуваат од колера.

Во последните три дена во градовите Санаа, Таиз и Хаџџе каде што колерата беше најсмртоносна, нема смртоносни случаи.

Поради граѓанската војна во Јемен околу 3 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење.

Овој факт го зголемува ризикот за заболување од колера.



Слични вести