"Асгардиа" вселенска станица – држава

Асгардиа ќе биде поставена околу орбитата на планетата Земја и во неа ќе живеат 100 000 луѓе

756554
"Асгардиа" вселенска станица – држава

Во тек се подготовките за изградба на вселенска станица – држава Асгардиа кoja ќе биде поставена околу орбитата на планетата Земја и каде ќе живеат 100 000 луѓе.

Досега за овој авантуристички и футуристички потфат се пријавиле 221.866 луѓе од целиот свет. Од Турција досега се пријавиле 29.844 лица а најбројни биле пријавите од Кина. Најголем број пријавени од Турција биле од Истанбул.

Првите жители на Асгардиа ќе се занимаваат со вселенски туризам, вселенско рударство, лов на метеори и чистење на вселенските отпадоци.

Асгардиа ќе има свое знаме, своја химна, свој устав и ќе биде независна држава. Но жителите на Асгардиа ќе си го задржат и државјанството на нивната матична земја.



Слични вести