Последиците од климатските промени најдрастични во Конго

Една половина од оваа африканска држава се бори со силните и обилни врнежи од дожд а другата со сушата

748602
Последиците од климатските промени најдрастични во Конго

Проблемот предизвикан од климатските промени по се изгледа дека на најдрастичен начин го чувствуваат земјоделците во Конго,Африка.

Една половина од оваа африканска држава се бори со силните и обилни врнежи од дожд а другата со сушата.

И во двата случаи кои траат со месеци страдаат луѓето,стоката и земјоделските површини.

Поради силните полави кои ја погодија јужната регија Маи-ндомбе во март годинава голем број лица го загубија животот а над 500 останаа без покрив над главата.

Стотици жители на главниот град Киншаса исто така останаа без своите домови кои ги однесоа надојдените води.

Штетните инсекти кои што се појавија во провинцијата Екс Катанга ги уништија посевите со пченка.

Земјоделците во источната провинција Норд Киву се чудат на последиците од климатските промени.

Обилните врнежи од дожд кои траат од Нова година наваму предивикуваат значителни штети на нивите засадени со соја, пченка,ориз и компири во Конго.

 

 



Слични вести