Половината од светското сиромашно население се наоѓа во Африка

Во свет каде скоро 1 милијарда од населението секојдневно се бори со сиромаштија и глад,секој 9'ти нема пристап до храна потребна за преживување.

739344
Половината од светското сиромашно население се наоѓа во Африка

Половината од сиромашното население се наоѓа во Африка

Во свет каде скоро 1 милијарда од населението секојдневно се бори со сиромаштија и глад,секој 9'ти нема пристап до храна потребна за преживување.

Експертите кои го анализираат прашањето тврдат дека Африка е континентот каде што е најдрастична сликата на немаштија и глад како и проблемот на нееднакви приходи.Скоро половината или изразено во проценти 41 насто од целото светско сиромашно население се наоѓа токму во Африка.

Од друга страна половината од мошне сиромашните луѓе во Африка живеат на југот на Пустината Сахара, во субсахарската област.

За подобра меѓусебна интеграцијана на земјите од овој дел на Африка треба што поскоро да се утврдат приоритетите на африканскиот континент.

 

 

 



Слични вести