150 земји погодени од сајбер нападите

Директорот на Еуропол  Роб Веинрајт соопшти дека околу 200 000 компјутери во 150 земји биле осетно погодени од сајбер нападот во петокот.

732208
150 земји погодени од сајбер нападите

Директорот на Еуропол  Роб Веинрајт соопшти дека околу 200 000 компјутери во 150 земји биле осетно погодени од сајбер нападот во петокот.

Ваинрајт во изјава за еден британски телевизиски канал рече дека меѓу нив се наоѓале компјутери на големи светски корпорации и холдинзи. Тој додаде дека сајбер нападот бил реализиран преку „рандсомвеар“ и „ворм“ ( таканаречена глиста) и со соединување на сите компјутерски вируси.

Моментално се наоѓаме пред една опасност која расте во секој момент. Расте бројот на компјутерите кои што се нападнати. Луѓето кога денеска (понеделник) дојдоа на работа и ги отворија своите компјутери беа непријатно изненадени од последиците на кибер нападот.

Се плашам дека бројот на нападнатите компјутери ќе биде поголем.

Роб Веинрајт додаде дека во сета оваа несреќа единственото позитивно е тоа што многу е мал бројот на оштетените кои плаќале преку виртуелото средство за плаќање Биткоин.

Се уште не знаеме кои се извршителите на сајбер нападот ,но очигледно дека се работи за криминален напад.

Инаку „ВанаКрај“ сајбер нападот во петокот ги нападна компјутерите во 99 на чело со Русија, Украина и Тајван.

 

 



Слични вести