Турска ракета со долг дострел Бора успешно беше тестирана во Синоп

Во Црното море беше извршен успешно лансирање и тестирање на ракетата

730490
Турска ракета со долг дострел Бора успешно беше тестирана во Синоп

Министерот за национална одбрана Фикри Ишик рече дека првата турска ракета со долг дострел Бора успешно беше тестирана во Синоп.

На Меѓународниот саем за одбранбен индустрија „ИДЕФ 2017“ на кој беа изложени низа примери на различни видови оружје од домашно производство, министерот Ишик одговараше на прашањата на новинарите и рече:

Во Синоп ја тестиравме ракетата Бора до дострел од 280 км. Во Црното море беше извршен успешно лансирање и тестирање на ракетата. Турција отсега натаму ќе може да ги произведува своите ракети и се чувствуваме горди поради тоа.

Ракетата која беше произведена од страна на компанијата Рокетсан има радиус од 610 мм.

Тежината на ракетата изнесува 2500 кг додека тежината на боевата глава 450 кг. Стапката на отстапување на ракетата од целта изнесува максимум 50 м. Системот успешно се имплементира преку тактиката фрли и оддалечи се.



Слични вести