Од идната година Турција ќе ги забрани најлон ќесите во маркетите и продавниците
Новата примена најпрвин ќе биде воведена во поголемите градски центри а со текот на времето ќе се прошири и на помалите.
701773

Почнувајќи од идната година најлон ќесите ќе бидат забранети во маркетите и во продавниците.
По иницијатива на Министерството за околина и урбанизам почнувајќи од 1 јануари идната 2018 година маркетите и продавниците ќе бидат преориентирани на муштериите да им нудат платнени,хартиени или мрежасти ќеси.
По тој повод министерството планира да преземе неколку активности во правец на запознавање на потрошувачите во врска со новата примена,така да се дискутира за организирање на едукативни активности за штетните последици по природата на пластиката како за сопствениците на маркети и продавници така и за потрошувачите.
Новата примена најпрвин ќе биде воведена во поголемите градски центри а со текот на времето ќе се прошири и на помалите.