Северна Кореја продолжува со тестови на нови нуклеарни експлозивни средства

Сателитските снимки од местото за нуклеарни тестирања Пунги-ри укажуват на тоа дека на влезот на нуклеарното место најверојатно се наоѓаат четири или пет возила или приколки.

700185
Северна Кореја продолжува со тестови на нови нуклеарни експлозивни средства

Агенцијата Кјодо врз база на информацијата која беше објавена од страна на веб страницата „38 North“ на Американско-корејскиот институт при универзитетот Џон Хопкинс во САД, сателитските снимки од местото за нуклеарни тестирања Пунги-ри, ги зајакнуваат тврдењата за подготовките за тестови на нова нуклеарна експлозивна направа од страна на Северна Кореја.

Во анализата која беше објавена од страна на веб страницата „38 North“ се истакнува дека сателитските снимки од местото за нуклеарни тестирања Пунги-ри укажуват на тоа дека на влезот на нуклеарното место најверојатно се наоѓаат четири или пет возила или приколки.

Возилата кои најверојатно се стационирани и за други цели, во случај да се поврзани за подготвителните активности за нуклеарни тестови, тогаш голема е можноста истите да се искористат во утоварувањето на нуклеарните направи.

Сателитските снимки истовремено покажуваат дека во непосредна близина се наоѓа едно складиште со градежни материјали меѓу кои има песок и земја и дека кога овие материјали ќе се помешаат со бетон, тогаш во случај на експлозија на некоја нуклеарна бомба, истите можат да се искористат за спречување за ширењето на нуклеарните супстанции во атмосферата.



Слични вести