Турција е главен избор на руските туристи за одмор во мај

Годинашнава побарувачка на Русите за одмор за во мај во споредба со лани се зголеми за 12 насто.

696034
Турција е главен избор на руските туристи за одмор во мај

Руската федерална туристичка агенција (Ростуризм) според податоците на угледните тур-оператори, со 32 насто од вкупните резервации за странство, Турција се наоѓа меѓу најпреферираните земји за руските туристи во мај.

Годинашнава побарувачка на Русите за одмор за во мај во споредба со лани се зголеми за 12 насто.

Претставниците на туристичкиот сектор истакнуваат дека бројот на руските туристи во јануари годинава во споредба со лани се зголеми за 81 насто и достигна 40 илјади 124 лица. Бројот на руските туристи кои годинава се очекува да допатуваат во Турција ќе достигне околу 3 милиони, истакнуваат операторите.



Слични вести