Повик од ОН за итна помош за четири земји
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес посочи на хуманитарната криза во Јужен Судан, Нигерија, Сомалија и Јемен

ОН упатија повик за доставување хуманитарна помош на над 20 милиони луѓе во Јужен Судан, Нигерија, Сомалија и Јемен кои се соочуваат со недостиг на храна и глад.
За наведените земји беше упатен итен повик за помош во износ од 4.4 милијарди долари.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес посочи на хуманитарната криза во Јужен Судан, Нигерија, Сомалија и Јемен кои се изложени на недостиг на храна и глад.
Гутерес во пораката рече дека милиони луѓе во овие земји се наоѓаат на прагот на смртта поради недоволна исхранетост.
Гутерес исто така посочи на епидемиите во областа и рече дека до крајот на март, ОН имаат потреба од 4,4 милијарди долари за спречување на големата катастрофа што се очекува во овие земји. Не сакам помош откако ќе умрат голем број невини деца. Затоа што поскоро треба да се преземат потребните мерки за да се спречи катастрофата, рече Гутерес.
Фондот за деца при ОН (УНИЦЕФ) соопшти дека околу 1,4 милиони деца во наведените земји се наоѓаат на прагот на смртта поради глад.
Слични вести

Бројот на вакциниратите лица против Ковид-19 во Турција изнесува над 20 милиони
Бројот на вакцинирани од прва и втора доза во Истанбул изнесува 3 милиони 175 илјади 5