Во Катар отворена првата турска болница

Болницата во главниот град на Катар Доха беше отоврена од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за економија Нихат Зејбекчи

673820
Во Катар отворена првата турска болница

Во Катар отворена првата турска болница...

Болницата во главниот град на Катар Доха беше свечено отворена од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за економија Нихат Зејбекчи.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на свеченото отворање истакна дека болницата претставува модел со турско-катарско партнерство и дека во оваа болница која е опремена со современа опрема и здравствени оддели работат искусни турски лекари специјалисти.

Нагласувајќи дека Турција напредува во сферата на здравството, Чавушоглу напомена дека болницата освен за граѓаните во Катар ќе биде во услуга и на граѓаните на другите земји во регионот.

Директорот на болницата Вилкан Ујгунучарлар истакна дека ова е прва здравствена установи од овој вид која се отвора во странство, а како што рече од аспект на тоа што сите вработени во турската болница овде во Катар се Турци.

Ујгунучарлар информира дека во болницата во која се наоѓаат сите специјализации има 85 легла, 5 операциони сали опремени со современа технологија, 28 клиники и одделение за гинекологија и породилно одделение, како и одделение за интензивна нега.



Слични вести