Домашен мотор за домашниот хеликоптер за општа намена

Во рамките на проектот со кој што се има за цел потребата од мотор за домашниот хеликоптер за општа намена да се обезбеди исто така од домашно производство, ќе бидат развиена два сертифицирани мотори на гасна турбина со моќ од 1400 shp

668354
Домашен мотор за домашниот хеликоптер за општа намена

Започнат проект за развивање на мотор на гасна турбина со цел обезбедување со домашно производство на потребата од мотор за хеликоптерот кој што е развиен за Командата на копнените сили.

Од страна на потсекретаријатот на одбранбена индустрија е фрлен значаен чекор во рамките на програмата за оригиналниот лесен хеликоптер со општа намена која што се води за обезбедување на потребите на Командата на копнените сили.

Според објавеното соопштение од потсекретаријатот со учество на потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир и генералниот директор на ТУСАШ Мотор Санајии А.Ш. (ТЕИ) Махмут Акшит беше одржана церемонија на потпишување на Проектот за развивање на мотор на гасна турбина.

Во рамките на проектот со кој што се има за цел потребата од мотор за хеликоптерот да се обезбеди од домашно производство, ќе бидат развиени два сертифицирани мотори на гасна турбина со моќ од 1400 shp.

Ќе се реализира интеграцијата на моторот на гасна турбина над оригиналниот хеликоптер и ќе биде сертифициран.

За моторите на гасна турбина до 2000 shp и за модулите ќе се офрмира инфраструктура за тестирање.

За моторите ќе се формира база на податоци за материјали.

Ќе се развијат дизајни и софтфери за тестирање.

Правата на интелектуална и индустриска сопственост ќе бидат во сопственост на потсекретаријатот.

Моторот на гасна турбина ќе може да се продава во странство и проектот ќе се реализира во 5 главни фази.

Првото палење на моторот ќе се реализира во втората година, додека сертификацијата на моторот ќе биде заокружена во осмата година.



Слични вести