Метеорот кој падна во САД го осветли небото

Паѓањето на метеорот беше проследен со сонична експлозија која ги потресе куќите во околината

667356
Метеорот кој падна во САД го осветли небото

Во раните утрински часови во американската држава Илиноис падна една голема огнена топка.

Моментот на паѓањето на метеорот беше снимен од страна на камерите и осветлувањето на околината пружи извонредна глетка.

Во понеделникот наутро, еден метеор кој го осветли небото над езерото Мичиген беше виден од страна жителите на голем број Централно западни провинции во САД. Паѓањето на метеорот беше проследен со сонична експлозија која ги потресе куќите во околината.

Според снимките од радарите, метеорот поминува над езерото Мичиген но не може да се види дали исчезнува пред да падне во водата или пак се распаѓа во воздух.

На снимките кои беа снимени од страна на полициските возила на Висконсин и Илиноис на темното небо може да се види една огнена топка.



Слични вести