Неидентификуван летечки објект над кинескиот град Мјенгјанг

Авионите кои информираа за летечкиот објект беа принудени да слетаат на различни аеродроми

666521
Неидентификуван летечки објект над кинескиот град Мјенгјанг

Три патнички авиони кои информираа дека сретнале неидентификуван летечки објект над кинескиот град Мјенгјанг во југозападната провинција Сечуан, беа принудени да слетаат на различни аеродроми.

Во испитувањето што беше извршено по информацијата на трите авиони беше утврдено дека не станува збор за некоја невообичаена раздвиженост.

Веднаш по овој настан се нормализираа летовите на аеродромот Мјенгјанг.

Иако властите не дадоа опширни информации за летечките објекти, жителите на подрачјето во интервјуата за локалните медиуми истакнаа дека во позадината на излегувањето на авионите од предвидените маршрути се кријат неидентификувани летечки објекти (НЛО).



Слични вести