Турција ќе формира своја научна база на Антарктикот

Министерот за наука, индустрија и технологија Фарук Озлу истакна дека Турција ќе формира своја научна база на Антарктикот

665390
Турција ќе формира своја научна база на Антарктикот

Министерот за наука, индустрија и технологија Фарук Озлу во градот Дузџе вршеше испитувања во областите кои што се предлагаат од страна на Губернијата за изградба на планираниот Научно-технолошки центар.

Министерот Озлу потоа одговараше на прашањата на новинарите и притоа истакна дека Турција ќе формира своја научна база на Антарктикот.

Министерот за наука, индустрија и технологија Фарук Озлу рече: „Во регионот за мирот ќе ја истакнеме на преден план науката. Наши професори од Истанбулскиот технички универзитет и од други наши универзитети ќе ги испратиме на Антарктикот. Турција ќе располага со своја научна база на Антарктикот. Бидејќи таму работат и други земји.“

Нагласувајќи дека на мистериозната карта на познатиот турски морепловец Пири Реис точно е прикажана местоположбата и на Антарктикот, министерот Фарук Озлу рече: „Ќе подготвиме една убава карта која што ќе ја изложуваме во музејот каде што се изложуваат документите на земјите кои имаат претензии кон Антарктикот. Таму претендираме и ние бидејќи Антарктикот најпрвин беше прикажан на картата на Пири Реис.“



Слични вести