Пораст на наталитетот во Кина во 2016 за 7,9 насто

На 1 јануари 2016 година во Кина официјално стапи на сила политикта на две деца

657514
Пораст на наталитетот во Кина во 2016 за 7,9 насто

Покрај дискутабилната политика на едно дете во Кина, во 2016 година беше забележан пораст на наталитетот за 7,9 насто.

Претставникот на Комитетот за здравствено и семејно планирање на Кина Јанг Винцуанг рече дека од женската популација која се наоѓа на прагот на раѓање, секоја година очекуваат пораст од 5 милиони жители, додека во периодот од 2016 до 2020 година очекуваат пораст од 17 до 20 милиони нови породувања.

Гледано од аспект на податоците од крајот на 2015 година, Кина со 1,37 милијарда жители е најбројна земја во светот, додека според сегашните претпоставки, оваа бројка кон крајот на 2030 година се очекува да достигне 1,45 милијарди.

Политиката за семејно планирање и политика на едно дете во Кина со цел да се земе под контрола прекумерниот раст на наталитетот почна постепено да се спроведува во 1970-те години и особено за граѓаните кои живеат во големите градови беше воведено ограничување од едно дете. Додека на семејствата во руралното подрачје, во случај првото дете биде ќерка, можеа да имаат и второ дете.

На 1 јануари 2016 година во Кина официјално стапи на сила политикта на две деца. Со оваа одлука на сите брачни парови во градовите и руралното подрачје им беше дадено безусловно право да можат да имаат по две деца, со цел да се спречи неповолното влијание на стареењето на популацијата врз економијата.



Слични вести