Топењето на ледниците се искачи на опасно ниво

Исчезнувањето на ледниците на половите се поистоветува со влијанието на намалувањето на дождовните шуми во Бразил

643354
Топењето на ледниците се искачи на опасно ниво

Британскиот авантурист Дејвид Хемплеман-Адамс кој со јахта плови околу Северниот пол истакна дека топењето на ледниците се искачи на опасно ниво.

60 годишниот Хемплеман-Адамс кој го заврши патувањето од 25 илјади км околу Сибир, Алјаска и Гренланд рече дека топењето на ледниците се искачи на застрашувачко ниво.

Хемплеман-Адамс заплови од британскиот град Бристол и рече дека во нормални услови, патувањето кое требаше да трае 3 години, како последица на исчезнувањето на ледниците заврши за 4 месеци и еден ден.

Топењето на ледниците и зголемувањето на нивото на морето на глобално ниво предизвика климатски промени рече Хемплеман-Адамс и ги повика политичарите да преземат итни мерки и санкции.

По ледникот што имал можност да го види северно од Сибир, Хемплеман-Адамс рече дека по 2 900 км немал можност да види некој друг ледник. Сите се однесуваме како ноеви. Единствено што правиме е предавање на проблемот да го решат идните поколенија.

Хемплеман-Адамс потенцираше дека исчезнувањето на ледниците на половите се поистоветува со влијанието на намалувањето на дождовните шуми во Бразил. Ваа состојба во суштина претставува предвесник на катастрофа.

Катастрофата на Северниот пол предизвикува глобално затоплување која состојба пак секако дека ќе влијае и врз луѓето кои живеат на јужните предели, рече Хемплеман-Адамс кој е познат како првиот човек кој пристигна до географската и магнетна точка на Северниот и Јужниот пол. Британскиот авантурист се наоѓа на списокот на планинарите кои се искачија на седум врвови на седум континенти.



Слични вести