Турскиот професор Ѓокхан Халиџи ќе врши научни истражувања на Антарктик

Професорот Халиџи цо научните истражувања ќе започне идната недела

641182
Турскиот професор Ѓокхан Халиџи ќе врши научни истражувања на Антарктик

Центарот за истражување на половите на земјата при Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ), професорот на Ерџијескиот универзитет Ѓокхан Халиџи го испрати на Антарктик да врши научни истражувања.

Професорот Халиџи цо научните истражувања ќе започне идната недела.

Центарот за истражување на половите на земјата PolReC при Истанбулскиот технички универзитет кој важи за прв и единствен турски  институт кој оствари истражувања во 2016 година, ги интензивира истражувачките активности за 2017 година.

Центарот PolReC годинава планира да испрати уште тројца научници на Антарктик. Научниците Адил Енис Арслан од Истанбулскиот технички универзитет и Еврим Калкан од ТУБИТАК (Институт за научно-технолошки истражувања на Турција) ќе бидат испратени во станицата на Антарктик, додека Назли Олгун Кијак од Институтот за геолошки истражувања Евриоазија при Истанбулскиот технички универзитет ќе биде испратена во станицата Чиле Антарктик.



Слични вести