Турција ги започна работите за развивање на домашен пребарувач на интернет

Министерот за транспорт, поморство и комуникација Ахмет Арслан информира дека се започнати работите за развивање на домашен пребарувач на интернет

638010
Турција ги започна работите за развивање на домашен пребарувач на интернет

Министерот за транспорт, поморство и комуникација Ахмет Арслан беше гостин во една телевизиска програма во градот Маниса и во оваа пригода укажа на тоа дека комуникациската технологија, информатиката и комуникацијата се интергирани со светот.

Министерот Арслан напомена дека не може да се интегрира со светот со само одредена локална работа и дека со тоа не може да се добие посакуваната продуктивност и посакуваниот резултат.

Ахмет Арслан рече: „Ние апсолутно во овој сектор не треба да направиме било каква отстапка од интеграцијата со светот било во веб адресите било во операциите кои што ги реализираме на интернет. Од аспект на нашата земја е мошне значајно да развиеме и софтвери каде што можат да се користат турски букви и особено свој домашен пребарувач на интернет. Ги реализираме работите за тоа.“

Министерот за транспорт, поморство и комуникација Ахмет Арслан додаде дека продолжуваат и работите за складирање со можност за чување во земјата на податоците и датите кои што се произведуваат во Турција и подвлече дека во тие рамки се обезбедуваат и субвенции.



Слични вести