Билансот на мртви во Русија поради тоа што испиле лосион за тело се зголеми на 58 лица

Билансот на лицата кои починаа во градот Иркутск во Русија поради тоа што испиле лосион за тело се зголеми на 58

635020
Билансот на мртви во Русија  поради тоа што испиле лосион за тело се зголеми на 58 лица

Бројот на лицата кои починаа поради труење со алкохол поради тоа што испиле лосион за тело во Русија се зголеми на 58.

Според вестите кои што се објавуваат во локалниот печат бројот на лицата кои го загубија својот живот поради тоа што испиле лосион за тело кој што содржел алкохол во градот Иркутск, шестиот по големина град во Русија се зголеми на 58.

Висок руски функционер изјави за весникот „Сибериан Тајмс“ дека речиси половината од 37 лица чие лекување продолжува во различни болници се наоѓаат во животна опасност и рече: „Овие лица задоцниле да дојдат во болница и нивното останување во живот би претставувало чудо.“

Како што се истакнува оние кои починале од труење биле помеѓу 35 и 50 годишна возраст од кои некои биле пронајдени мртви во своите домови.

Рускиот комитет за истражување соопшти дека и покрај тоа што на шишето на лосионот за тело стоело напишано предупредувањето „Не е за внатрешно консумирање“ лосионот  бил користен како алкохолен пијалок.

Во започната истрага во рвска со случајот е установено дека во лосионот за тело наместо етил алкохол бил употребен метанол.

Во рамките на истрагата беа притворени неколку лица кои биле поврзани со продажбата на лосионот.



Слични вести