Турскиот сателит „ЃОКТУРК-2“ 21 илјада пати го обиколи светот

Сателитот сними над 23 милиони 800 илјади километри површина

632860
Турскиот сателит  „ЃОКТУРК-2“ 21 илјада пати го обиколи светот

Турскиот сателит со висока резолуција „ЃОКТУРК-2“ (GÖKTÜRK-2) 21 илјада пати го обиколи светот.

Сателитот кој пред 4 годин беше поставен во орбитата, сними над 23 милиони 800 илјади километри површина.

Министерот за наука, индустрија и технологија Фарук Озлу рече дека сателистките снимки и фотографии се употребуваат во следењето на катастрофите, урбанизмот, следењето на земјоделските површини, шумските пожари и разузнавањето.

Сателитот одигра значајна улога во прибирањето информации за потребите на Турските вооружени сили, рече министерот Озлу.

Сателитот „ЃОКТУРК-2“ кој беше лансиран од Кина во 2012 година и се наоѓа на 685 км оддалеченост од земјината површина, еден круг околу планетава Земја обиколува за приближно 98 минути.

Турскиот сателит „ЃОКТУРК-1“ кој беше лансиран со цел да прибира разузнавачки информации беше лансиран на 5-ти декември.



Слични вести